Линкови за пристапност

Претседателот Трамп згрозен од нападот во Сирија; Дамаск и Москва негираат вклученост


За првиот човек на САД, нападот претставува „навреда за човештвото што не смее да се толерира“

Сирија и Русија повторно негираа дека сириски воени авиони исфрлиле хемиски бомби врз градот Кан Шеикун, кој се наоѓа под контрола на бунтовниците во Сирија.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Моалем, изјави дека неговата земја не употребила вакво оружје за време на воздушните напади врз градот, ниту, пак некогаш ќе користи, дури и против терористи.

Во нападот загинаа 100 лица, а повеќе од 350 други биле затруени, вклучувајќи и деца, што предизвика глобална морална осуда против сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија, главниот сојузник на режимот на Асад. Моалем го повтори тврдењето на Москва дека во нападите било погодено складиште со хемиско оружје, под конторла на бунтовниците.

Во Москва, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, ја повика меѓународната заедница да не брза со осудата за Сирија, велејќи дека нема „објективна“ информација, за да се докажат обвинувањата.

На вчерашната прес-конференцијата во Белата куќа за време на посетата на јорданскиот крал Абдула, претседателот Доналд Трамп го опиша нападот како „навреда за човештвото кое не може да биде толерирана“. Запрашан дали тој ќе разгледа воена акција, претседателот нејасно одговори, „Не велам дека ќе сторам нешто, на овој или оној начин.“

Запрашан за валидноста на тврдењата на Русија дека сириски воени авиони погодиле објект со хемиско оружје под контрола на бунтовничките сили, американскиот експерт Крег Вилијамс за Гласот на Америка изјави дека „Се` е можно“, иако според мене, малку е преувеличено.

Француската хуманитарна организација Лекари без граници, во меѓувреме соопшти дека симптомите кои се забележани кај лицата, покажуваат дека биле изложени на хемиски супстанции.

Телата на тројца починати Сиријци во нападот биле испратени на обдукција во Турција заедно со најмалку 30 други загинати лица. Според турските власти, обдукциите биле извршени од претставници од Светската здравствена организација, а резултатите покажале дека тие починале од изложеност на хемиски агенси..

Претходно годинава, Хјуманс рајтс воч со седиште во Њујорк, ја обвини сириската влада за монтажа на осум напади на гас со хлор врз бунтовничките области од битката за Алепо.

Заедничката истрага на Обединетите нации и меѓународните експерти за хемиско оружје ја обвинија сириската влада за најмалку три такви напади во периодот од 2014-та до 2015-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG