Линкови за пристапност

Формирање реформска влада без одлагање


За краток период, посетата од врвот на Унијата – Туск, Могерини, Хан треба да биде јасен сигнал за Македонија

„Брзо формирање реформска влада“, дипломатите во Скопје со ново потсетување за тоа што е приоритет за земјата. Нови избори, за кои притиска ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорите не споменуваат, но затоа зборуваат за сериозна загриженост во ЕУ и во НАТО за ситуацијата во Македонија.

„Од Варшавскиот Самит, НАТО членките и Генералниот секретар изразија загриженост за овдешната ситуација и тоа го почувствував минатата седмица кога заедно со мојот британски колега разговаравме за Македонија со постојаните претставници во Брисел. Како што Столтенберг им порача на вашите лидери, дека е суштински да ги исполнат обврските од Договорот од Пржино за да се реши политичката криза. Декемвриските избори беа оценети како кредибилни, парламентот заседава и сега е важно да се почитуваат демократските норми и Уставот и брзо да се премине на избор на влада која ќе работи на реформската агенда“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

„По декемвриските избори, кои поминаа добро, очекуваме што е можно побрзо да добиете силна влада со обновен легитимет за исполнување на неопходните реформи“, изјави амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Каранза.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, вчера го повика шефот на државата Иванов, кој одбива да го предаде мандатот на новото парламентарно мнозинство, да покаже лидерство. Според експертите, главната порака на Туск наспроти неговата воздржана јавна изјава, била пратена на средбата со Иванов.

„Веројатно повеќе кажал на тет-а-тет средбата со Иванов и таму се пратени пораките, зашто пред јавноста Туск повеќе зборуваше за мигрантската криза“, вели Бојан Маричиќ од центарот за европски стратегии Евротинк.

За загриженоста на Брисел за Македонија која по декемвриските избори никако да добие нова влада зборува фактот што за кус период во Скопје дојде врвот на Унијата – Туск, Могерини, Хан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG