Линкови за пристапност

Руското влијание на Балканот се зголемува


Експертите велат дека е потребен поголем ангажман од САД и од ЕУ

Двегодишната политичка криза во Македонија влегува во опасна фаза. Националистите се обвинуваат дека поттикнуваат етничка криза со цел да попречат во истрагата за корупција.

Наводниот обид за државен удар во Црна Гора, за што првично се сметаше дека е масло на српските националисти, сега има информации дека биле поддржани од руски оперативци со цел да спречат влезат на земјата во НАТО.

Неодамнешниот воз, произведен во Русија, а испратен од Србија на границата со Косово, испишан на 21 јазик со слоганот „Косово е Србија“, беше доживеан како провокација од Косовците.

Москва го поддржува националистот Мирослав Додик во Република Српска во повиците за референдум за независност на босанските Срби.

Неизвесноста во Босна, Косово и Македонија ја отвора вратата за Русија, коментира експертот за надворешна политика Едвард Џозеф.

„Кога имате отворени прашања на Балканот, поттикнувате влез на националистички вирус. Тоа се случува во речиси сите делови од поранешна Југославија“, вели аналитичарот Едвард Џозеф.

И аналитичарот Јануш Бугајски предупреди дека Русија има план да го дестабилизира Балканот.

„Целта е да се отстрани влијанието од САД, ЕУ, да се создаде хаос со што Русија ќе преземе водство. Руската влада се одржува врз четири принципи – пропаганда, корупција, неуспешни држави, и територијални спорови. Сите тие состојки ги има на Балканот“, вели Бугајски.

Според експертите, потребен е поголем ангажман од САД и ЕУ, и ја повикаа Македонија брзо да формира влада и да продолжи со реформите. Како што предупреди портпаролот на Стејт департманот Марк Тонер, „политичката криза во Македонија сериозно го забави демократскиот и економски развој кон евроатланската интеграција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG