Линкови за пристапност

Отфрлање на платформата е единствениот услов што го поставува претседателот, кој кон крајот на месецот заминува на неколкудневно патување во Австралија

Скопје - Претседателот Ѓорѓе Иванов нема намера да му го додели мандатот за составување на Влада на лидерот на опозицијата Зоран Заев иако Заев презентираше потписи за мнозинство потребно за формирање на влада. Од Кабинетот на Иванов денеска излезе соопштение во кое се вели причина за недоделување на мандатот е што пречките се` уште не биле отстранети.

Во обраќањето на 1-ви март, претседателот Иванов побара од Заев да ја отфрли и осуди „платформата од Тирана“ со која, според него, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Македонија и нејзините граѓани.

Претседателот Иванов е на ставот дека платформата „ја доведува Македонија во положба на потчинетост или зависност од друга држава, и со тоа земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени“.

Со овој потег на претседателот се продлабочува тешката политичка криза во која се наоѓа државата по декемвриските предвремени парламентарни избори.

Кризата се очекува да трае најмалку до крајот на овој месец имајќи го предвид отсуството на претседателот од државата од десетина дена кога планира државничка посета на Австралија.

Инаку, опозицијата секојдневно бара од Иванов преиначување на неговата одлука, тврдејќи дека зад неа стојат и трите партии од албанскиот блок со кои имаат вкупно 67 пратеници и парламентарно мнозинство.

ВМРО ДПМНЕ пак бара од Заев да ја отфрли т.н. „Тиранска платформа“ и за возврат со своите 51 пратеник ќе ја поддржри малцинската влада што би ја формирал СДСМ.

Во исто време, меѓународната заедница врши притисок врз Иванов да го додели мандатот на Заев апелирајќи на „неговата мудрост“.

Вашето мислење

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG