Линкови за пристапност

Исламската држава пред колапс?


Бизнис-моделот на терористичката група пропаѓа, покажува анализа на Меѓународниот центар за студии на радикализмот од Лондон и групацијата Ернест и Јанг.

Исламската држава често беше наведувана како најбогата терористичка организација која некогаш постоела, вели професорот и коавтор на студијата Питер Њуман:

„ИД не е само терористичка организација, тоа е квази држава, што значи дека има своја територија, население, а повеќето приходи доаѓаат токму од нејзината територија. Населението го оданочуваат, вадат нафта, и го конфискуваат имот на луѓето кои избегале.“

Њуман вели дека токму поради тоа што нивниот приход кој е директно поврзан со територијата што ја контролираат, групата слабее. Глобалната коалиција во која учествуваат 68 земји во борба против ИД, предизвика оваа терористичка група да изгуби 62 проценти од територијата во Ирак и 30 проценти од Сирија, во споредба со „нивното златно доба“ во средината на 2014-та. Офанзивата за преземање на градот од џихадистичката група започна во октомври.

Ирачките сили, поддржани од САД ја презедоа источната територија на градот Мосул, втор по големина град во Ирак, и ја потиснаа терористичката група кон исток.

„Доколку ИД сега го загуби Мосул, кој претставува комерцијален главен град на калифатот, ќе еродира и даночната база. И токму поради тоа ние мислиме дека финансискиот модел на државата ќе колабира, и нема да биде одржлив,“ додава Њуман.

Природата на групата значи дека точна анализа е тешко да се направи, затоа што групата оперира во голема мерка со помош на црниот пазар без докази на хартија.

Според изворите на достапните документи може да се забележи дека двојно е паднат нивниот годишен приход кој во 2014-та година изнесувал 1,9 милијарди долари, а минатата година бил само 870 милиони.

Нема знаци дека ИД креирала други извори на приходи, вели Њуман.

„Моите предвидувања се дека, како што се намалува територијата на ИД, така нејзините раководители ќе се вратат на она што претходно го правеле, а тоа е да се инволвираат повторно во шверц и криминалните изнудувања“.

Авторите на извештајот сепак предупредуваат дека, падот на приходите нама да ја спречи оваа терористичка група во иднина да врши терористички напади, надвор од нејзината територија.

XS
SM
MD
LG