Линкови за пристапност

Автоматизирани киосци за брза храна


Машините ја добиваат битката со луѓето: Венди го следи примерот на Вава

Во обид да се заштеди на трошоците за работна сила, а воедно да се зголеми ефикасноста на работењето, синџирот за брза храна Венди ќе инсталира нови киосци за самонарачување на околу 1000 локации ширум Соединетите американски држави.

Според Дејвид Трим, портпарол на компанијата од Охајо, франшизите кои ќе сакаат киосци ќе мора да земат најмалку три, стои во извештајот на весникот „Колумбус диспеч“.

Дарен Тристано, потпретседател на Техномик, консалтинг компанија за услуги со храна, за весникот кажа дека дополнителна мотивација освен заштедата е што „младите преферираат киосци“.

Компанијата пресметала дека инвестицијата со киосците ќе биде вратена за две години.

Се смета дека киосците би помогнале во услови на зголемена побарувачка, но за оние кои повеќе би сакале да нарачаат на човек, таква можност ќе има, според агенцијата Асошиејтед прес.

Ваквите киосци веќе се поставени како тест во централниот дел на Охајо.

Венди не е прва компанија со автоматизирани киосци. Вава има започнато со ова пракса уште во 2012-тата.

Сепак, се` уште се испитува колкав е векот на овие киосци. Тристано вели дека и ваквиот начин на работа може да биде еден ден надвор од употреба со доаѓањето на новите технологии како што е плаќањето со паметни телефони.

Широката примена на автоматизирани роботи со кои човековата работна сила се исфрла од употреба е контроверзна тема. Кандидатот за претседател на Социјалистичката партија од Франција предлагал да се стави данок на автоматизираните роботи кои би го замениле човекот.

Оваа идеја беше поддржана од Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт.

XS
SM
MD
LG