Линкови за пристапност

Марихуана „ЗА“, заглавена меѓу законите


Федералниот закон ја смета за нелегална, но 28 држави во САД според сојузните закони ја сметаат за легална нејзината употреба за рекреативни и медицински цели.

Од бомбони марихуана, па се` до лосион за тело со марихуана, ова контроверзно растение станува дел од големиот бизнис во САД, но и во други држави во светот како главна индустриска гранка.

Марихуаната позната и како канабис, е легална во 28 американски сојузни држави за медицински и рекреативни цели.

Четири од овие држави ја легализираа рекреативната марихуана во ноември минатата година, вклучително и Калифорнија.

Истражувачкиот центар Пју утврди дека 57 проценти од анкетираните ја поддржуваат употребата на марихуаната во споредба со анкетата од 2006-та кога овој процент беше само 32.

Канабис индустријата оди во нагорна линија. Во 2016-та година бизнисот со легализирањето на марихуаната достигна до 7 милијарди долари. Оваа бројка се очекува да порасне до 21 милијарда долари во наредните пет години, според истражувањето на "Арчвју Маркет", кое го опишува канабисот како најбрзо растечка индустрија во светот.

Сојузни наспроти федерални закони

Со оглед на зголемената јавна поддршка, федералниот закон се` уште ја смета марихуаната како нелегална, додека на сојузно ниво ситуацијата е поинаква. Администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама остави секоја држава поединечно да ја регулира нејзината употреба.

Но, со новата администрација на Трамп, тоа ќе биде неизвесно.

Според експертите, кога би дошло со судир на држаниот со федералниот закон, федералниот закон е во предност бидејќи тој може да се толкува и како врховен закон. Но, можно е да се појават и збунувачки факти кога федералните агенти го спроведуваат законот во некои држави. Сепак, владата е таа која треба да ги утврди приоритетите за спроведување. Администрацијата на Трамп засега создава несигурност на ова поле.

Во неодамнешното сенатско сослушување за потврдување на функцијата главен правобранител, Џеф Сешнс беше нејасен при одговарањето на прашањето од страна на демократскиот сенатор од Вермонт, Патрик Лехи.

„Дали ќе ги користите нашите федерални средства за истрагата и гонењето на болните луѓе кои ја користат марихуаната во согласност со законите на државите, иако со тоа може да биде прекршен федералниот закон?“ праша Лехи.

„Никогаш нема да бидам против федералниот закон, но дефинитивно се проблем ресурсите за федералната влада,“ рече Сешнс.

Но, инволвираните во индустријата со канабис се оптимисти. Тие мислат дека ваквата брзорастечка индустрија со висок профит ќе опстане и понатаму.

Четири члена од Конгресот веќе формираа меѓупартиска група за поддршка за канабисот, со цел, премостување на јазот меѓу властите на сојузно и федерално ниво.

XS
SM
MD
LG