Линкови за пристапност

УСАИД донира за заштита на градот Делчево


Станува збор за нова атмосферска канализација со која значително се намалува ризикот од поплави во градот

Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и градоначалникот на општина Делчево Дарко Шехтански денеска го означија крајот на изградбата на новата атмосферска канализација во урбаната населба „Милково Брдо” со која се намалува ризикот од поплави кои можат да бидат предизвикани од екстремни временски појави. Во изградбата на канализацијата УСАИД донираше 3,3 милиони денари или 58.930 долари, а Општина Делчево учествуваше 1,7 милиони денари.

„Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови и силното невреме.Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница“ изјави Џејмс Стајн директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

Инаку проектот за изградба на канализацијата се реализираше преку проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени што го спроведува „Милиеуконтакт Македонија“. Овој проект во која УСАИД инвестира 2,8 милиони долари стартуваше пред четири години и има за цел да го зајакне капацитетот на општините да се подготват за и да ги адресираат локалните предизвици кои произлегуваат од ефектите поврзани со климатските промени. Во овој проект учестуваат десет општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово Ростуше, Боговиње, Студеничани, Виница, Прилеп и Делчево.

XS
SM
MD
LG