Линкови за пристапност

Претседателот Трамп ќе нареди изградба на ѕид на границата со Мексико


Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да издаде наредба и за привремена забрана за влез на бегалци САД

Претседателот Трамп се очекува да ја потпише првата извршна наредба за овие прашања во Одделот за домашна безбедност.

Овие чекори се во согласност со неговите зачестени ветувања за време на кампањата за зајакната национална безбедност.

Трамп сака се гради ѕид долж целата граница меѓу САД и Мексико. Во моментов има ограда само во делови од границата, кои се сметаат за порозни за илегалната имиграција. Тој честопати вети дека Мексико ќе плати за изградбата на ѕидот, инсистирајќи дека Конгресот ќе ја овласти американската влада да ги плати трошоците, и подоцна да добие поврат на потрошени средства од мексиканската влада.

Мексико неколкупати се огласи дека нема да плати за ѕидот. Мексиканскиот претседател Пена Нието треба да ја посети Белата куќа следната недела.

Претседателот Трамп размислува и за четиримесечно замрзнување на сите програми за прифаќање бегалци, како и најмалку 30-дневна забрана за влез во САД од секој од Ирак, Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен.

Трамп за време на кампањата честопати ја критикуваше отвореноста на САД за прием на нови бегалци, истакнувајќи дека нема доволно информации кои се тие луѓе.

XS
SM
MD
LG