Линкови за пристапност

СЈО се откажа од „ПУЧ“ заради немање докази


СЈО се откажа од „ПУЧ“ заради немање докази
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

СЈО се откажа од „ПУЧ“ заради немање докази

СДСМ ја поздрави одлука, а ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „втора амнестија“ за Заев.

Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинението во случајот „Пуч“ во кој Зоран Заев, Зоран Верушевски и уште неколкумина беа обвинети за „насилство кон претставници на највисоките државни органи“.

Од СЈО велат дека состојбата прикажана во обвинението е во спротивност со доказите што ги имаат, како и со наодите во истражните постапки за други два предмета.

„Ваквата наша одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука“, стои во писменото соопштение на СЈО.

Специјалните обвинители објаснуваат дека не можат да застапуваат обвинителен акт што е во спротивност со доказите со кои располагаат.

„Укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа“, велат од СЈО.

Одлуката ја поздрави СДСМ според која, се потврдило дека „странските служби, жолтите комбиња, тактичката опрема, клонираните базни станици“ се „несовесна и безобразна измислица на Никола Груевски“.

Во дел од медиумите кои важат за блиски до владејачката ВМРO-ДПМНЕ се појавија текстови дека, ваквиот чекор е „втора амнестија на Заев од СЈО“.

„Пуч“ го отвори Јавното обвинителство за организиран криминал на почетокот од 2015-тата. На сите осомничени, со исклучок на Заев, им беше одреден притвор. Во текот на истрагата, еден од обвинетите, Звонко Костовски, вработен во МВР, ја призна вината и му беше одредена тригодишна затворска казна. Овој предмет од крајот на 2015-тата го презеде СЈО кое по повеќе од една година реши да се откаже од обвинителниот акт.

XS
SM
MD
LG