Линкови за пристапност

Уапсен напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул


Властите го поврзуваат со Исламската држава

Турскиот премиер Бинали Јилдирим потврди дека властите го уапсиле осомничениот напаѓач кој за Нова година во Истанбул уби 39 лица.

Тој го нарече наводниот напаѓач „подмолен терорист“ и дека сега важна работа е да бидат откриени оние кои стојат зад нападот.

Турските медиуми порано како напаѓач го идентификуваа Абдулкадир Мешарипов, велејќи дека бил уапсен во рација во населбата Енсјурт во Истанбул.

Гувернерот на Истанбул, Васип Сахин кажа дека отпечатоците од Мешарипов се совпаѓаат со оние на напаѓачот, и дека тој е државјанин на Узбекистан, бил трениран во Авганистан, и се верува дека влегол во Турција во 2016-та.

Сахин вели дека е јасно дека нападот бил извршен во име на Исламската држава. Милитантите ја презедоа одговорноста, поврзувајќи го нападот со турските операции против Сирија.

Турскиот заменик-премиер Нуман Куртулмус во Твитер порака и честиташе на полицијата велејќи дека „војната со теророт и силите зад него ќе продолжат до крај. “

XS
SM
MD
LG