Линкови за пристапност

ММФ: Раст на економијата во САД за 2,3 проценти во 2017-та


Ова може да се случи како резултат на заложбата на администрацијата на Трамп, за зголемување на трошоците за Армијата и за инфраструктурата

Mеѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде прогноза за благ економски раст на американската економија во текот на оваа година, како и во 2018-та, како резултат на заложбата на администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, за зголемување на трошоците за Армијата и за инфраструктурата.

ММФ предвидува дека американската економија ќе порасне за 2,3 проценти оваа година, и нешто побрзо наредната година.

За време на кампањата, Трамп изјави дека неговите планови за зголемување на трошоците, намалување на даноците и на регулативите, ќе доведе до зголемен раст за четири проценти.

Во извештајот на ММФ, се предвидува раст на глобалната економија, кој најверојатно ќе достигне до 3,4 проценти во 2017-та, и 3,6 проценти во 2018-та година.

Економистите велат дека зголемувањето на трошоците може да доведе до стимулирање на растот, но, предупредуваат дека не е сигурно колку од програмата на Трамп ќе помине во Конгресот.

Исто така, предупредуваат дека доколку дојде до прегревање на економијата, Централната банка на САД може да ги покачи каматните стапки, во обид да ја задржи инфлацијата на ниско ниво.

ММФ прогнозира зголемен економски раст и на Кина, врз основа на очекуваните напори за стимулирање на економијата, за разлика од Индија, Бразил и од Мексико, каде прогнозите се во надолна линија.

Кредиторите велат дека овој раст може да биде побавен од очекуваниот, доколку се случи промена кон протекционизмот, кој може да се одрази врз меѓународната трговија.

XS
SM
MD
LG