Линкови за пристапност

Прегласувањето во Теарце почна, одзивот поголем од 11 декември


Утрово во 7 часот беше отворено избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во тетовско Теарце каде гласањето ќе заврши во 19:00 часот. Првичните резултати од прегласувањетосе очекува Државната изборна комисија (ДИК) да ги соопшти на прес-конференција во 21:30 часот.

Прегласувањето се одвива мирно без инциденти, а гласачкиот процес беше прекинат на кратко поради технички проблем, дефект на УВ ламбите за проверка.

Според последните инфромации до пладнесвоето право на глас го оствариле околу 150 жители на Терце што е повеќе споредено со гласањето на 11 декември.

„ Гласањето се одвива мирно и без проблеми. До 11:30 часот излезеноста е околу 150 лица, од вкупно запишаните 714 на Избирачкиот список и споредбено со изборите на 11 декември во истиот временски период е нешто поголем“, изјави Татијана Чуприна, заменик-претседателка на Избирачкото место 2011 во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

Во селото е раздвижено со огромен број на новинарски екипи пред училиштето но и по улиците а на гласачкото место има набљудувачи од политички партии и од невладини организации. Впечатливо е и присуство на полицијата.

ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место. Разликата меѓу ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ во шестата изборна единица е 307 гласа а на избирачкото место 2011 во Теарце има 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда - Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда - Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

XS
SM
MD
LG