Линкови за пристапност

Во ДИК гласаат членовите на избирачките одбори


Утрово и официјално почнаа предвремените декемвриски парламентарни избори а првите гласови политичките партии ќе ги добијат од 325 членови на избирачките одбори, кои треба да заминат во дијаспората за да го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва. Гласањето е во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) и трае исто како и регуларните избори - до 19 часот.

Од ДИК потврдија дека во петок наутро избирачкиот материјал ќе биде доставен до избирачките места низ целата територија a на вчерашната средба со премиерот Емил Димитриев побараа зајакнување на обезбедувањето на оние избирачки места каде нема соодветни услови за чување на избирачкиот материјал.

Во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани, на посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.

Гласањето продолжува во сабота кога на ред е дијаспората.

Своето право на глас во странство, македонскитедржавјаните ќе можат да го остварат во 46 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берн -4.256 гласачи, во Венеција, 2.724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168 и воМелбурн каде ќе гласаат 1.112 македонски државјани. Поради големиот одзив и број на гласачи, во Берн се отворенитри дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.

Според евиденцијата на ДИК најмалку пријавени за гласање има во Мадрид каде се регистрирани десет гласачи, во Пекинг има13 и во Варшава 14 гласачи.

Во сабота, исто така, ќе гласаат внатрешно раселените лица, осудениците, војската иболни и немоќни лица што се пријавени за гласање.

XS
SM
MD
LG