„ Овие избори не се на ВМРО или на СДСМ, овие избори се за вас, за вашите деца, внуци. Ова или – или не е обично, тоа значи пропаст ли живот. Ве повикувам, заедно да донесеме живот во Македонија“, рече Заев на денешниот централен митинг на Коалцијата „За живот во Македонија“ која ја предводи неговата партија СДСМ.
Тој во своето обраќање потенцираше дека одговорноста на граѓаните на претстојните избори е многу големабидејќи станува збор за иднината на државата.
„ Добивате шанса да изберете каква иднина сакате, 11 декември е глас за сопствената иднина„ порача Заев.
Според Заев, гласот даден за неговата партија и за Коалицијата ќе биде глас за правично, праведно и еднакво општество за сите, кое ќе биде посветено на граѓаните, а не на функционерите.
Тој директно му се обрати на својот политички опонент, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кого го обвини дека ја манипулира јавноста со наметната тема за федерализација на државата и дека тоа се должи на безизлесноста во која се ноаѓа заедно со неговата партија.
„ Безидејниот Груевски нуди само лаги, за да се спаси од одговорноста што го чека. Тој и фамилијата се плашат за себе од промените. Останувањето на власт на Груевски носи немир, нестабилност. Кога режимот пука, се раѓа живот. Но, за вас промените се живот. Доаѓа време кога никој нема да стравува за ништо “ рече лидерот на опозицијата.
Од бината, тој во куси црти уште еднаш ја претстави предизборната програма на опозицијата наречена„План за живот во Македонија“ и директно им се обрати на младите во Македонија на кои им порача дека им нуди шанса да останат во државата дополнувајќи дека во нивни раце е белото знаме со кое може да се предадат или црвеното, со кое ќе прогласат победа.
- Ова е план за повисоки плати, за минимална плата од 16.000 денари , за просечна плата од 30.000 денари, за бесплатно лекување, за силна поддршка на домашните фирми, за враќање на парите кај граѓаните и намалување на давачките, за институции во служба на граѓаните - рече Заев.
Пред присутните на митингот се обратија и носителите на листи во изборните единици, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Љупчо Николовски, Петре Шилегов, како и активистот на „Шарена Револуција“ и кандидат за пратеник Павле Богоевски и поранешниот амбасадор на РМ во САД - Никола Димитров.
Носителот на изборната листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски, порача дека е убеден во победата.
„Ние победуваме, кон победата може да не скрши само криминалот. Само СДСМ и Коалицијата може да донесе нова праведна Македонија. Јунаци, мој народе газиме на 11 за Република Македонија, победуваме убедливо“, порача тој.
За генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски кој е носител на листата во втората изборна единица победата на изборите е за враќање на правдата во Македонија.
„Сите сме сплотени заедно во оваа историска борба за рушење на режимот и живот во Македонија. На 11 декември ќе ја вратиме правдата,ќе славиме за живот во Македонија, изјави Спасовски.
„Ова е држава што припаѓа на сите подеднакво, на оние кои можат с е и на оние кои им треба нашата помош. Оваа држава им припаѓа најмногу на младите кои ќе ги задржиме во државата. На 11 декември институциите ги враќаме кај граѓаните. Ќе има победа“, рече Шеќеринска.
Активистот на „Шарената револуција“ и кандидат за пратеник, Павле Богоевски, во своето обраќање рече дека никогаш повеќе не смее да се повториеден човек, една партија или еден центар на моќ да ја присвои цела држава.
„Никогаш не било полошо, се зависи од еден човек. Што направи тој, стотици иселени, понижени, земја на корупција, без надеж и перспектива. Земја на брутално богата партија и на брутално сиромашен народ. Ова не е Македонија, ова е Груевистан. Јас ја слушам како лелека државата, јас ја слушам и затоа сум тука. На 11 декеври доаѓаме да си ја земеме државата назад“, рече Димитров.