Линкови за пристапност

Граѓанска акција „Ние одлучуваме“


Националната кампања ја промовира важноста од гласање на парламентарните избори на 11-ти декември

На невообичаен начин и со различни перформанси граѓанските активисти на жителите на Струга и на повеќе градови во државата се обидоа да ги охрабрат граѓаните да ја преземат одговорноста и да излезат на избори. Велат, на таков начин тие можат да укажат на одредени општествени проблеми:

„Има за цел да ја подигне свеста на граѓаните дека доколку сакаме да направиме и да измениме било што не ни се допаѓа во нашата држава тоа зависи од нас самите. Ние одлучуваме на кого ќе му го дадеме нашиот глас“, вели Александра Ристовска од „Ние одлучуваме“.

Како пародија на проблемот со се поголемиот број на млади луѓе кои ја напуштаат државата две платна со илустрација на векна леб беа пуштени со хелиумски балони во воздухот.

„За да продолжиме ние да се развиваме тука како општество потребни ни се млади луѓе, работоспособни и активни. Не може држава да опстои без своите најмлади поколенија, а ние баш тоа, најбитното го губиме“, вели Благоја Грчески, младински активист.

Младите стружани „Мостот на поезијата” го нарекоа и „Мост на иселените”, а беше поставен и споменик на иселените. Граѓаните велат дека овие избори се историски за Македонија и од низ зависи иднината на државата.

„Ако не си врзан партиски навистина е тешко. Во Струга празни се многу населби, пола куќи се празни“, вели еден граѓанин на Струга.

„Тешко, многу тешко се живее. Сега сум без работа две години и сега чекам пензија“, вели граѓанин на Струга.

Главен фокус на граѓанската акција до денот на изборите ќе биде ставен на промоција и заштита на тајноста на гласањето.

Отворена е и бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријават повреда на нивното гласачко право. Во финансирањето на кампањата учествуваат и самите организации.

XS
SM
MD
LG