Линкови за пристапност

Едни против криминалот, други против федерализација, сите за подобра економија


Спречување на федерализација и двојазичност во Македонија, воведување на двојазичност, расчистување со организираниот криминал и правда за сите, подобар живот, повисоки пензии, запирање на одливот на мозоци и отселувањето на младите, подобри плати и успешна економија...

Кампањите за изборите закажани за 11 декември почнаа пред само 48 часа и по само неколку митинзи и неколку часа платена политичка програма во медиумите веќе може да се заклучи кој ќе биде фокусот и поентите на партиите учесници во изборите. Секоја од нив има свој план како да допре до гласачите и како да го придобие нивниот глас. Кај партиите од македонскиот политички блок главната поента е расчистување со криминалот на владеачката ВМРО ДПМНЕ односно спречувањето на федерализација на Македонија и двојазичноста, додека кајпартиите од албанскиот блок е рамноправснота меѓу Македонците и Албанците, просперитет на албанското малцинство и двојазичноста. Заедничко за сите партии е што ветуваат програма за подобрување на економијата, зголемени плати и пензии, раст на индустриското производство, странски инвестии или пак поддршка за домашните компании.

Владеачката ВМРО ДПМНЕ ја избра сината боја во својата кампања и слоганот„Еден за сите, сите за еден!“ а изборната програма напишана на околу 530 страници се вика „Реално“.

Стрaтешки поенти на партијата се развој на економијата, продолжување на проектите и спречување на федерализација на државата и воведување на двојазичност. Ова се должи на фактот што лидерот на СДСМ во последните петанесетина дена, во неколку наврати, обраќајки се на средби со граѓани во места населени со претежно албанска популација во Македонија но и во дијаспората кажа дека нема ништо против ако албанскиот стане втор официјален јазик во државата. Тоа веднаш го искористија од ВМРО ДПМНЕ кои сега ги убедуваат своите гласачи но и неутралните дека Заев сака да ја продаде државата за да дојде на власт и со тоа одат на освојување на т.н. „националистички гласови“.

Ова го потврди и лидерот на партијата Никола Груевскина првиот митинг одржан во Охрид.

„Ако веруваш во Македонија, гласај против сценаријата кои и се кројат на оваа држава, со двојазичност на целата територија, со воспоставување на нова држава, без идентитет и без суверенитет. Затоа ни се потребни 63 места во парламентот, 63 пратеници, кои ќе гарантираат дека овие сценарија нема да успеат“ рече Груевски во Охрид.

За СДСМ чиј слоган е „ За живот во Македонија“ и црвената боја, фокусот во предизборната кампања е инволвираноста на раководството на ВМРО ДПМНЕ во сериозен економски и финансиски криминал и енормното богатење кое беше откриено преку т.н. „бомби“ но сеуште не е докажано со судски процес или пресуда. Во оваа партија гаратнираат расчистување со „режимот“ и враќање на украдените пари на народотпо изборите на 11 декември со што се надеваат дека ќе ги привлечат гласовите на незадоволните и неопределени граѓани.

„Дали сакате и наредните четири години да ги живеете во режим. Груевски е мафијаш и криминалец. Ќе има правда, секој кој крадел од вас граѓаните кој што крадел од вашиот живот ќе одговара ќе има правда, ќе се одговара и законот ќе важи исто за сите. И парите ќе ги вратат назад“ порача Заев од митингот во Прилеп.

Тој мораше да одговори и на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ за федерализација и попустливост кон Албанците и да нагласи дека е патриот.

„ Уставот гарантира право за користење на јазиците на заедниците . Мултијазичноста е вистинско богатсво“ рече тој.
Една од главните точки на СДСМ се и младите кои се повеќе ја напуштаат државата а за ВМРО ДПМНЕ е зголемувањето на пензиите со што ќе го придобијат најбројното гласачко тело во државата - пензионерите.

За ДУИ пак, чиј слоган е „Заедно одлучуваме“, фокусот на кампањата е токму она на што предупредува нивниот долгогодишен коалициски и владин партнер ВМРО – ДПМНЕ, посебен закон за албанскиот јазик и воведување двојазичност на цела територија . За ДУИ тоа е неопходно бидејќи службената употреба на албанскиот јазик ќе допринесе за за подобра интергација, развој на меѓуетничките односи и развој на економијата.

Национализмот е една од картите на кои ќе игра ДУИ и овие избори.

Tоа можеше да се види преку обраќањето на носителот на кандидатската листа во првата изборна единица Артан Груби кој својот говор го почна со скандирање „УЧК, УЧК“ кое не беше проифатено од присутните во салата „Борис Трајковски“ како што тој очекувше.

Тешка и жестока битка меѓу партиите ќе се води на полето економија, борбата против сиромаштија и економската состојба на обичниот човек – гласач. Сите ветуваат зголемени плати, странски иневстиции, рестартирања на фабрики... Минималната плата е темата на која најмногу се задржуваат и двете партии. Програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се обемни и многу амбициозни со иста крајна цел, просечниот граѓанин да има многу подобар живот но партиите имаат различен пристап.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG