Линкови за пристапност

СЈО има докази за незаконски прислушувани новинари, политичари и бизнисмени


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес конференција објави дека има докази за незаконско следење на комуникациите на илјадници новинари, политичари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот. Прислушувањето траело седум години, од 2008 до крајот на 2015 година а го вршела Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Во овој случај чие кодно име е „Таргет“ осомничени се десет лица кои ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување. Прво и второ осомничени се поранешниот директор на УБК - Сашо Мијалков и началникот на Петата управа Горан Грујевски.Според СЈО тие двајца ја координирале целата операција за незаконско прислушување и самите додавале телефонски броеви за кои немале судски налог.

„Преку системите за следење на комуникациите од 2008 до 2015 незаконски била следена комуникација на најмалку 4.286 телефонски броеви без издадени судски наредби и уште 1.541 телефонски број каде комуникацијата била следена и по завршувањето на судската наредба“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Како што објаснија од Обвинителството во овие седум години снимани се разговори на над 20 илјади телефонски броеви бидејќи нивните сопственици разговарале со лицата кои биле предмет на незаконското прислушување.

СЈО има докази за незаконски прислушувани новинари, политичари и бизнисмени
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Меѓу незаконски прислушуваните се новинарите Мери Јордановска, Борјан Јовановски и Горан Михајловски чија комуникација се следела со години. Тука е и речиси целото раководство на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

„ Телефонот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска бил незаконски прислушуван повеќе од 700 денови. Трите телефони на поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески над 800 денови, телефонот на Али Ахмети бил прислушуван повеќе од 1.000 денови, на Мендух Тачи- над 1.200 денови, на Муса Џафери над 1.600 дена. Зоран Заев незаконски е прислушуван 1.150 дена а Зоран Верушевски 600, појасни обвинителката Ленче Ристоска.

Таа го наведе и поранешниот премиер и министер за внатрешни работи Хари Косотов, сегашен директор на „Комерцијана Банка„ АД чиј телефон незаконски бил прислушуван најмалку 732 дена.

Незаконското следење на комуникациите се вршело преку три системи кои ги имала УБК од кои два, најверојатно за да се уништат доказите се веќе уништени. За ова е отворен случајот „Тврдина“ .

Од СЈО немаат информации дали во овој период била следена и интернет комуникацијата на а појаснија дека материјалите им биле доставени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој пак ги добил од службеник во УБК кој бил сведок на незаконското прислшување.

Целосната листа на лицата чии разговори биле прислушувани засега нема да биде објавена.

XS
SM
MD
LG