Линкови за пристапност

Директорот на националното разузнавање на САД си поднесе оставка


Клапер вели дека ќе остане на функцијата до крајот на претседателствувањето на Обама

Директорот на американското национално разузнавање, Џејмс Клапер си понесе оставка на функцијата, но ќе остане да работи до крајот на администрацијата на Барак Обама.

„Минатата ноќ го поднесов писмото со оставката, и се чувствувам добро за тоа. Ми останаа уште 64 работни денови“ кажа тој за време на конгресното сослушување. Неговиот портпарол кажа дека „Клапер го потпишал писмото според прописите“ и ќе го заврши својот мандат до крај.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 ти јануари.

Директорот на заминување е во служба на американската влада повеќе од шест децении. Тој ја започнал кариерата како воздухопловен офицер.

Тој на функција директорот на американското национално разузнавање, се наоѓа од август, 2010-та година.

XS
SM
MD
LG