Линкови за пристапност

Косовската полиција спречила терористички напад


Властите велат дека нападите требало да бидат координирани

Косовските власти велат дека спречиле можен напад од Исламската држава. Полицијата вели дека било пронајдено оружје, електронска опрема и експлозивни направи.

Биле уапсени 19 лица на Косово и шестмина во Албанија и Македонија, додавајќи дека пронашле „религиозна литература од добро познати автори посветена на екстремистичката идеологија.“

Еден од нападите наводно бил насочен кон израелскиот фудбалски тим, кој играше во квалификациите за Светскиот куп против Албанија.

Нападите требало да бидат изведени „синхронизирано.“

Полицијата не соопшти други детали.

XS
SM
MD
LG