Линкови за пристапност

Јапонскиот премиер најави дека на средбата со избраниот претседател сака да осигура доверба во односите меѓу двете земји

Јапонскиот премиер Шинзо Абе се очекува да ја нагласи важноста на безбедносната алијанса на неговата држава со САД, на средбата со избраниот претседател Доналд Трамп денес.

Пред да тргне од Јапонија, Абе изјави пред новинарите дека оваа средба сака да ја искористи за да дискутира за неговата визија за иднината со Трамп.

„Сојузништвото меѓу САД и Јапонија е стожер за јапонската диполматија и безбедност. Сојузништвото се базира на доверба. Така што, јас би сакал да изградам доверба со претседателот Трамп, и врз основа на тоа би сакал да работиме заедно во насока на одржување светски мир и напредок“, рече Абе.

За време на кампањата, Трамп напомена неколку темели за релацијата САД - Јапонија, предлагајќи дека САД направиле многу за да осигураат одбрана на Јапонија.

Тој ја спомена идејата да им се дозволи на Јапонија и на други држави во регионот нуклеарно оружје, форсирајќи повеќе средства за поддршка во испраќањето американски војници во тие држави.

САД имаат околу 53.000 војска во Јапонија, заедно со 43.000 членови на нивните семјства и 5.000 цивилни вработени во одбраната.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG