Линкови за пристапност

Трамп ја составува новата администрација


Поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани е најверојатен кандидат за иден државен секретар на САД, велат извори упатени во составувањето на новата администрација на ново избраниот претседател Доналд Трамп.

Џулијани има искуство на федерален обвинител, но нема искуство во надворешна политика, какво што имаа претходниците на оваа позиција.

Друг кандидат, кој наводно се споменува за оваа позиција, е Џон Болтон, поранешен амбасадор на САД во Обединетите нации.

Трамп веќе објави дека шеф на неговиот кабинет ќе биде Рејнс Прибус, претседателот на Републиканската партија, додека неговиот избор за стратег Стивен Бенон веќе предизвика негативни реакции кај демократите, и кај некои републиканци.

XS
SM
MD
LG