Линкови за пристапност

Арнаудовска: Судството во Македонија не назадува


Арнаудовска: Судство во Македонија не назадува
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители не се согласува со оценката на Европската комисија изнесени во последниот извештај за напредокот на државата

Дел од институциите во Македонија кои се вклучени во создавањето и обуката на судски кадар не се согласуваат со наодите на Европската комисија (ЕК) која во извештајот за напредокот на земјата изнесе негативни оценки за судството.

Првиот човек на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска со контра став од констатациите на Брисел кој нотираше дека од 2014-та наваму судскиот систем сериозно назадува и дека претходните реформски процеси биле поткопани од политичкото мешањето во работата на судовите:

„Според мене не назадува судството зашто сите реформи што ние ги спроведуваме се во согласност со препораките на ГРЕКО комитетот, а мене ме зачудува што ЕК никаде во извештајот не го споменува ГРЕКО кој препознава одреден напредок во судството. Очекувавме извештајот на ЕК да се фокусира главно на работењето на Специјалниот јавен обвинител, меѓутоа сите ние имаме наши таргети и имаме наши обврски во согласност со препораките на Рајнхард Прибе и интензивно и посветено ќе работиме на нивно исполнување“.

Токму по препораките на Прибе на кој се повикува и Арнаудовска, Европската комисија заклучи дека надлежните не успеале да покажат неопходна политичка волја за ефективно справување со проблемите идентификувани во документот.

Администрацијата во Брисел се фокусира и на, како што кажа Арнаудовска, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство, но од аспект на опструкциите со кои се соочува.

Во извештајот на Европската комисија стои дека „СЈО ја покажа потребата од брзо надминување на недостигот на независност на судството и спречување селективна правда.“

XS
SM
MD
LG