Линкови за пристапност

Доналд Трамп е нов претседател на САД

Хилари Клинтон во телефонски разговор му ја честитала победата уште пред да бидат преброени гласовите.

Ние немавме кампања, туку прекрасно движење, кое очекува Владата да му служи на народот. Работејќи заедно, ќе се обидеме да ја направиме Америка повторно голема“, изјави Трамп

Доналд Трамп излезе со победнички говор пред поддржувачите, и најави дека ќе биде претседател на сите Американци.

„Ние немавме кампања, туку прекрасно движење, кое очекува Владата да му служи на народот. Работејќи заедно, ќе се обидеме да ја направиме Америка повторно голема“, изјави Трамп.

Тој рече дека добил повик од државната секретарка Хилари Клинтон, која вели тој, му честитала нему и на неговото семејство победа. Трамп истакна дека во исто време тој и честитал за кампањата, која таа и нејзиното семсјтво ја воделе изминатиот период.

Трамп најави дека ќе работи на изградба на државата, од инграструктура до економија. Тој и се заблагодари на неговата фамилија за поддршката што му ја дала во текот на целата кампања.

Пред да се појави Трамп, неговиот потпретседател Мајк Пенс рече:

„Ова е историска ноќ. Американскиот народ го избра новиот шампион. Новиот претседател на САД“, рече Мајк Пенс, велејќи дека му е чест да служи како нов потпретсеадтел на САД.

10:30 8.11.2016

Претседателските избори во САД почнаа во три мали места во сојузната држава Њу Хемпшир. Хилари Клинтон го победи Доналд Трамп со четири гласа спрема два на гласањето во Диксвил Ноч. Таа исто така извојува победа од 17:14 во освоени гласови во Харт Локејшн. Доналд Трамп, во местото Милсфилд освои 16 гласови додека Клинтон само 4.

15:29 8.11.2016

Хилари Клинтон со сопругот Бил гласаше во Њујорк. Пред насобраните симпатизери изјави дека се надева дека ќе победи.

15:42 8.11.2016

Во Пенсилванија и двете претседателски кампањи гледаат можност за победа, иако оваа сојузна држава со мала разлика гласа за демократите од 1980-та наваму. Од руралните области тешко погодени од губењето на работните места, до урбаните заедници во кои се рефлектира демографските промени во земјата, оваа сојузна држава е предизвик и во ова изборна сезона. Долги редици пред избирчките места во Пенсилванија.

18:47 8.11.2016

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп гласаше со сопругата Меланија во Менхетн.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG