Трамп е близу до победа, а кампањата на Клинтон изјави дека остануваат уште неколку држави да се избројат. Менаџерот Џон Подеста најави дека Клинтон нема да се обрати вечерва, и додаде:
„Добра ноќ, ние ќе се вратиме кога ќе има што повеќе да кажеме и кога ќе ги изброиме гласовите. Благодарам многу“, рече Подеста.
Според последните резултати, Трамп има 264, а Клинтон 2015 изборни гласови. Потребни се 270 за победа.
Трамп победи во Пенсилванија и е на чекор до победа.
Остануваат да се објават резултатите уште од неколку држави. Во меѓувреме, поддржувачите на Трамп во Њујорк слават победа, додека симпатизерите на Клинтон стаписано го следат досегашниот исход.
Најновите проекции покажуваат дека Трамп води во Ајдахо, а Клинтон во Калифорнија и во Хаваи.
Доналд Трамп, со неговиот тим, ги следат првичните резултати од изборите.
Според проекциите на Асошиетед прес, Клинтон победи во Конектикат. Според повеќе прогнози, Трамп ги освои Монтана, Канзас, Северна и Јужна Дакота, Тексас, Вајоминг, Небарска, додека Клинтон води во Њујорк.
Државите како Флорида, Охајо, Пенсилванија, Северна Каролина и Њу Хемпшир се` уште се многу близу, а гласачките места остануваат отворени во десет, претежно западни држави.