Линкови за пристапност

Се отвораат архивите од „Валканата војна“


По залагање на папата Францис, Ватикан и црквата на Аргентина ќе ги направат документите достапни јавноста

Ватикан и католичка црква во Аргентина во заедничко соопштение објавија дека во блиска иднина ќе ги отворат архивите од бруталната „Валкана војна.“

Иако не беше одреден датумот, во соопштението стои дека тие завршиле со дигитализацијата и организирањето на документите кои припаѓаат на аргентинската влада која се бореше со левичарските дисиденти за време на т.н. „Валкана војна“ од 1974 до 1983 година.

Архивите ќе бидат достапни за жртвите и нивните семејства, кои долго време ја обвинуваат црквата за соработка со воената диктатура.

Во соопштението стои дека одлуката за отворање на архивите бил по директива на папата Францис „во служба на вистината, правдата и мирот, продолжување на желбата за дијалог и културата на разбирање.“

Документите се чуваат во архивите во државниот секретаријат на амбасадата на Ватикан во Бунеос Аирес и во аргентинската архиепископски собор.

Групите за човекови права долго време обвинуваат многумина аргентински високи свештеници за соработка со режимот.

XS
SM
MD
LG