Линкови за пристапност

Вељаноски ги распиша предврeмените парламентари избори


“Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој впрочем е единствениот врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии кои искрено верувам дека ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември кога ќе треба во еден празничен изборен дух да бидат избрани народните претставници кои ќе го сочинуваат следниот деветти состав на македонскиот законодавен дом“ рече Вељаноски.

Спикерот се заблагодари на граѓаните од името на останатите пратеници за укажаната доверба на парламентарните избори во 2014 годинаи додаде дека успеале да ја оправдаат нивната доверба и покрај сите тешкотии со кои се соочиле како резултат на политичката криза во која беше доведена државата.

“Имајќи го предвид кажаното, сакам да го споделам моето длабоко уверување дека и за време на овој предизборен период нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста и ќе се искачи на едно ново квалитативно ниво што впрочем претставува основна цел на сите политички субјекти. Искрено верувам дека во следните близу два месеца сите ние кои ќе се ангажираме за изборите на 11 декември пред нас ќе го имаме денот потоа кога повторно ќе треба да седнеме и заедно да продолжиме онаму каде застанавме претходно“ порача Вељаноски.

Пратениците вчера попладне со 110 гласови „за“ ја донесоа Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија со што се отвора пат за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември согласно договорот на лидерите на четирите најголеми партии за надминување на политичката криза.

XS
SM
MD
LG