Линкови за пристапност

Паметните телефони и мамењето на испити


Технологијата нуди иницијатива за правење измама

Мамењето на испитите не е ништо ново. Ново е како студентите тоа го прават. Нема повеќе пишување на одговорите на дланките или на ливчиња. Паметните телефони го трансформираа мамењето, и за да се спречи потребна сеопфатно решение велат познавачите.

Паметно мамење

Високо технолошките уреди се насекаде. Експертот за технологија и социјални медиуми Најл Никел вели дека тоа е една од причината зошто тинејџерите мамат со мобилната технологија:

„Кога го погледнете неодамнешното истражување на „Пју“ ќе видите дека 98 проценти од тинејџерите имаат мобилни телефони. Тоа е за 33 проценти повеќе од 2011-та година. Достапни се и лесни за користење.“

Друга висока технологија која може да се користи за измама се часовниците кои не се забележливи, но кога ставите специјални очила кои се продаваат заедно со часовникот, екранот на часовникот постанува видлив и можете да ја видите содржината.

За да се справат со измамите во ерата на модерната технологија, училиштата пронаоѓаат иновативни стратегии - од забрана на носење уреди во просториите за тестирање до пресретнување на радио сигнали.

Исто така, да се поканат професорите, студентите и нивните родители отворено да зборуваат за проблемот може да биде дел од решението. Истражувачите велат дека ставањето акцент на чесноста и високите стандарди може да биде клучно во превенцијата на измамите.

XS
SM
MD
LG