Линкови за пристапност

Македонија оди на избори на 11-ти декември


Пред гласањето за распуштање на Собранието, парламентот го усвои Буџетот за 2017-та година и ги отфрли измените и дополнувањата на Законот за Специјалното јавно обвинителство

Собранието попладнево се распушти. Власта и опозицијата манифестираа единство за одлуката. „За“ гласаа 110 пратеници, без ниту еден против, или пак воздржан глас. Ваквата одлука беше проследена со аплауз од народните избраници. На крајот од мандатот на овој состав претседателот на Собранието посака успех до пратениците. Претходно, во релативно куси настапи, претставници на партиите образложија зошто Парламентот треба да се распушти. Со денешната одлука се отвораат вратите за распишување на вонредните парламентарни избори што лидерите ги договорија за 11-ти декември.

Претходно во текот денот кај мнозинството „не помина“ предлогот на Павле Трајанов, за усвојување на измените во законот за заштита на сведоци и законот за Специјалното јавно обвинителство што ги бараше самото СЈО, кои како што во изминатиот период, објаснуваа од тимот на Катица Јанева се неопходни за непречена работа на оваа институција. Една од последните одлуки на овој парламентарен состав беше усвојувањето на Буџетот за 2017 година „тежок“187,612 милијарди денари, кој го поддржаа пратениците од владејачката коалиција.

XS
SM
MD
LG