Линкови за пристапност

Гутереш назначен за генерален секретар на ОН


Поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш ќе ја преземе функцијата на почетокот на следната година

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Питер Томсон пред гласањето кажа дека се надева дека 193 членки едногласно ќе ја одобрат номинацијата на Антонио Гутереш по препораката на Советот за безбедност од минатата недела.

67 годишниот Гутереш беше еден од 13-те кандидати кои се бореа на највисоката позиција во Обединетите нации.

Тој беше премиер на Португалија од 1992 до 2002 и раководеше со агенцијата за бегалци на ОН од 2005 до 2015.

Гутереш ќе го замени сегашниот Генерален секретар, Бан Ки Мун од Јужна Кореја до крајот на годината. Тој е на оваа позиција од почетокот на 2006-та.

XS
SM
MD
LG