Линкови за пристапност

Хан: Датумот за избори е само почеток


Хан: Датумот за избори е само почеток
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Еврокомесарот вели дека мора да се исполнат сите услови за фер и демократски избори во декември

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, преку писмена изјава, ја исцрта својата мисија во земјава: да се сретне со политичките лидери, да разговара со невладиниот сектор, и во детали да се запознае со проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство и притоа да потсети дека Брисел од Македонија очекува чист изборен процес.

„Договорот што минатото лето го постигнаа главните политички партии за одредувањето на датум за избори во декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е да бидат исполнети условите за кредибилни избори за сите граѓани слободно да учествуваат. Ќе се сретнам со лидерите на главните политички актери, вклучувајќи ја и Специјалната јавна обвинителка и претставници на граѓанскиот сектор за да разговараме за тоа како да се забрза спроведувањето на итните реформи за владеење на правото. Сево ова е од суштинско значење, за земјата да направи одржлив напредок на патот кон ЕУ. Очекувам да слушнам од Специјалната обвинителка за тоа како се одвива нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува“, порача Хан пред посетата на Скопје. За значењето и улогата на судскиот систем и обвинителството денеска повторно потсетија дел од амбасадорите.

Кристине Алтхаузер, амбасадорка на СР Германија во РМ вели дека судскиот и обвинителскиот систем треба да работат во интерес на граѓаните, а тоа значи да ги санкционира сторителите и да се поврати секој незаконски стекнат имот.

XS
SM
MD
LG