Линкови за пристапност

Британските планови за имиграцијата не се добредојдени меѓу бизнисмените


На владејачка конзервативна партија порано се гледаше како на партија од бизнисот, но министрите, Ториевци од владата по Брегзит се спротивставуваат на имиграцијата

Премиерката Тереза Меј и нејзините министри неколкупати во говори кажаа дека нема направат компромис за контрола на имиграцијата со цел да обезбедат слободен трговски договор со Европската Унија.

Тоа е аларм за бизнисмените и инвеститорите, кои стравуваат за последиците од Брегзит, по кое Британија ќе го напушти единствениот пазар, а британските извозници ќе се соочат со големи царини.

Позицијата на Меј е дека економските загуби вреди да се прифатат ако имиграцијата која доаѓа од Европа и од другите делови на светот биде ставена под контрола.

Бизнис лидерите исто така се загрижени за плановите за итен рестриктивен пристап за имиграцијата со кој се ограничи вработувањето на странски работници, заострување на тестовите кои треба да ги спроведат фирмите кои регрутираат странски работници, и публикување на информациите за бројот на странски вработени во компаниите.

Министерот за внатрешни работи Амбер Руд кажа: „Статистиката треба да обезбеди дека луѓето кои доаѓаат имаат цел да ја пополнат празнината на пазарот на труд, а не да им ги земаат работните места на Британците„

Поострите мерки за Европејците ќе бидат спроведени откако Британија, наскоро, ќе го напушти членството во ЕУ, по 46 години.

XS
SM
MD
LG