Линкови за пристапност

Гугл го промовираше паметниот телефон Пиксeл


Компанијата зема нов замав кон пазарот вреден 400 милијарди долари.

Иако софтверот на оваа компанија, „Андроид“ е вграден во милиони телефони ширум светот, Гугл ја промовираше линија на паметен телефон, наречена Пиксел.

Се очекува телефонот да се продава за 649 долари, слична цена како „Ајфон“ на „Епл“ и „Галакси на „Самсунг.“

Пиксел ќе се произведува во две големини, 12.7 и 14 сантиметри, и во три бои: црна, сребрена и сина. Како додаток на одличната камера и батеријата која трае подолго, се очекува компанијата да го користи Пиксел за промоција на софтверот за дигитална помош наречен „Гугл асистент.“

Според Сундар Пичаи, извршен директор во компанијата, софтверот користи вештачка интелигенција која ќе создаде „персонализиран Гугл за секој корисник.“

Пиксел ќе се произведува од „ХТЦ“, но од Гугл го дизајнирале и брендирале уредот. Во телефонот е вграден процесор „Снапдрагон 821.“

XS
SM
MD
LG