Линкови за пристапност

Тројца Британци ја добија Нобеловата награда за физика


Нивното истражување довело до нови разбирања за однесувањето на материјата, стои во соопштението на Комитетот.

Тројца универзитетски професори во САД, ја добија Нобеловата награда за физика за нивната работа на тополошките фази на транзиција и тополошките фази на материјата, стои во соопштението на Комитетот објавено денеска.

Истражувањата на тројцата професори родени во Британија, Дејвид Тоулес, Данкан Халдејн и Мајкл Костерлиц открија нова и целосно неочекувано разбирање за тоа како се однесува солидната материја.

Научниците исто така развиле нивни сопствени математички формули за објаснување на однесувањето на материјата.

Тоулес е почесен професор на Универзитетот во Вашингтон, Халдејн е професор по физика на Универзитетот Принстон, а Костерлиц предава на Универзитетот Браун.

Тројцата научници започнале да работат на истражувањата кои ги довеле до Нобеловата награда во 1970 и 1980, но судиите обично чекаат декади пред да им одадат признание за научните сознанија за да ја осигурат нивната валидност.

Заедно со признанието кое доаѓа со Нобеловата награда, паричната награда од 930.000 долари ќе биде поделена меѓу добитниците.

Подоцна неделава ќе бидат доделени Нобеловите награди за хемија и мир. Следната недела ќе бидат доделени наградите економија и литература.

XS
SM
MD
LG