Линкови за пристапност

Американските законодавци одобрија мерка за финансирање на владата


Американскиот Конгрес усвои предолг закон за владини трошоци со кој владата ќе може да функционира во наредните неколку месеци, истовремено законодавците одобрија 1.1 милијарда долари за напорите во борба со вирусот Зика.

Мерката беше усвоена со 342 наспроти 85 гласа во Конгресот и 72 наспроти 26 во Сенатот.

Без мерката, многу владини агенции ќе останеа без пари, во време кога федералната фискална година завршува во петок. Новата мерка ќе важи до 9-ти декември.

XS
SM
MD
LG