Линкови за пристапност

Зошто српските туристи го одминуваат Охрид?


Зошто српските туристи го одминуваат Охрид?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Зошто српските туристи го одминуваат Охрид?

Визната либерализација за граѓаните на Србија за патување во Европа, но и недоволната реклама за Охрид на тамошниот пазар влијаат на изборот на дестинацијата.

Охридските туристички работници велат дека дополнителен проблем е што кон границата со Грција, каде Србите сега одат во голем број немало информативни табли за Охрид или некоја друга информација. Голем дел од нив во Македонија се задржуваат само на минување, наместо да дојдат на неколку дена во Охрид.

„Би сакал да се обратам до владата на Македонија за следната сезона да се направат билборди по целиот пат од Скопје до Гевгелија. Таму минуваат многу туристи од Србија кои одат за Грција. Кога ќе ги потсетиме дека постои Охрид, ако ништо друго 1% од нив да поминат во Охрид, Струга тоа ќе биде прекрасна работа“, вели Зоран Ѓилевски сопственик на бродови.

„Автопатот Табановце - Гевгелија за нас е една влезна врата каде Охрид треба да го потенцираме. На превојот Стража поставиле табла за Вевчани. За Охрид нема за жал“ рече Ружди Муфти туристички водич.

Нашите обиди да добиеме коментар на ваквите реакции од Агенцијата за државни патишта на Македонија во чија надлежност е поставувањето на патоказни табли по патиштата останаа безуспешни.

И српските туристи со кои разговаравме велат дека тешко стигнале до Охрид.

„Може да се привлечат многу туристи во Охрид од Србија, кои одат за Грција или Бугарија. Нема информации доволно за Охрид, за тоа сте вие криви“, вели туристка од Парачин, Србија.- од анкетата во чаршија

„Кога дојдовме на 10 километри до Македонија видовме само натпис Битола. Застанавме на неколку места да прашаме да не се загубиме случајно“ вели турист од Србија.

„Треба да има подобра информација како да се дојде до Охрид. Србите не знаат доволно што нуди Охрид, какви се цените. Кога би била подобра рекламата сигурно дека луѓето би доаѓале многу повеќе“ вели туристка од Србија.

Одговорниот за туризам во општина Охрид, Ѓоко Апостолов вели дека годинава покрај претставување на саемите за туризам организирале и традиционална охридска вечер во Ниш, каде ги претставиле можностите кои ги нуди Охрид.

„Сметам дека со изградбата на автопатот Охрид Скопје оваа ситуација ќе се подобри имајќи во предвид дека моменталната ситуација не е баш најсјајна со патната инфраструктура за оваа делница. Она што придонесува за зголемување на гостите од Србија е воведувањето на директна авио линија Белград- Охрид“ вели Апостолов.

Бројот на српски туристи во Охрид годинава заклучно со месец јули изнесува 5751, но според локалните власти нивниот број е помал во однос пред десет години.

XS
SM
MD
LG