Линкови за пристапност

Претседателот на Колумбија призна вмешаност на владата во убивањето на активисти


Хуан Мануел Сантос се извини на преживеаните членови на левичарското движење - Патриотски сојуз.

„Оваа трагедија не требаше никогаш да се случи и мораме да признаеме дека владата не преземала доволно мерки да ги спречи убиствата, нападите и другите насилства, иако имала доказ дека тоа се случува“, рече Сантос пред 200 преживеани и членови на Патриотски сојуз и членови на нивните семејства.

Околу 3000 лица беа убиени од паравоените групи за време на мировните преговори помеѓу владата и членовите на Патриотски сојуз во 80-те години, период кој Колумбијците го нарекуваат политички геноцид.

Претседателот зборуваше две недели пред закажаното потпишување на мировниот договор со револуционерните вооружени сили на Колумбија – ФАРК. Договорат ќе стави крај на граѓанската војна во која загинаа повеќе од 220.000 лица,а милиони беа раселени. Околу 7000 борци на ФАРК ќе бидат вклучени во општеството и ќе им биде овозможено да формираат политичка партија.

Во понеделникот, бунтовниците од ФАРК се извинија за „големото страдање“ кое го предизвикаа со киднапирањето на илјадници лица и за изнудување откуп за финансирање на конфликтот кој трае половина век.

Според официјалните бројки од 1970 до 2010 биле киднапирани околу 27.000 лица, околу 90 проценти биле извршени од ФАРК.

XS
SM
MD
LG