Линкови за пристапност

Дискусија: „Никој не прави ништо да се реши бегалската криза“


Без држава, но не и без глас
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00

Кризата со бегалците опстанува, но не заради немање ресурси за справување со неа, туку заради немање политичка волја, заклучоците на вчерашната дискусија во Центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон.

На собирот насловен „Без држава, но не и без глас“ говорниците се согласија дека гласот на Сиријците е важен за разрешување на кризата во земјата, што до сега не е земено предвид.

Војната таму е веќе во петта година и со секој продолжителен ден ја продолжува и агонијата на оние кои се принудени да ја напуштат државата стравувајќи за сопствениот живот. Светот е соочен со бегалска популација која има потреба од образование, интеграција, здравствената грижа и заштита од ксенофобија и насилството.

Салим Саламах, директор на Палестинската лига за човекови права и советник на Генералниот секретар на Обединетите нации смета дека меѓународната заедница предолго ги игнорира проблемите:

„Дојдовме во ситуација во која траба да се справиме со многу проблеми наеднаш, и сите тие се со висок приоритет.“

Активистите велат дека без прекин на граѓанската војна и насилствата во Сирија, не може да се постигне решение за кризата. Руба Маисен вака тоа го артикулираше:

„Никој не прави ништо за да се реши бегалската криза. Не станува збор за финансирање или немање искуство. Причините се политички.“

Активистите се обидуваат да бидат гласот на безгласните бегалци, и од Вашингтон заминуваат за Њујорк, каде ќе учествуваат на Самитот за бегалци на Обединетите Нации што ќе се одржи во понеделник.

XS
SM
MD
LG