Линкови за пристапност

Путин ги отфрла наводите за руска вмешаност во кибернетскиот напад


Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Блумберг кажа дека Русија нема никаква поврзаност со кибернетскиот напад на Демократскиот национален комитет.

Порано годинава беа компромитирани илјадници електронски пораки и документи и беше откриено дека Демократската партија имала посебен третман кон Хилари Клинтон наспроти нејзиниот ривал Берни Сандерс.

„Слушнете, има ли врска кој го извршил нападот врз овие податоци,“ кажа во интервјуто Путин кое беше направено во пристанишниот град Владивосток. „Важна е содржината на материјалите кои биле дадени на јавноста.“

Во интервју за Блумберг, Путин ги отфрли наводите дека нападот бил обид Русија да влијае на исходот на претседателските избори во САД.

XS
SM
MD
LG