Линкови за пристапност

Енгел: Важно е да се стабилизира Македонија


Елиот Енгел, конгресмен и претседател на конгресниот кокус за албански прашања, при неодамнешната посета на Тирана беше запрашан за коментар за претстојните избори во земјата

„Јас бев таму мината година. Се сретнав со премиерот, таму се случуваа демонстрации и имаше голем број други проблеми. Очигледно, важно е да се стабилизира Македонија. Во земјата има голем процент на албанско население, најмалку 25 проценти, а некои велат и повеќе. Се разбира ние сме загрижени за правата на малцинствата и стабилноста. Тоа проблеми ги дискутиравме во врска со Албанија и Косово. Владеењето на правото е важно, малцинските права се важни, важно е сите граѓани да имаат исти права.

Уште откако почнав да го посетувам Балканот, пред околу 25 години, со тамошните лидери разговарав и искажував загриженост дека Албанците не ги добиваат нивните целосни права. Се боревме за отворање на Универзитетот во Тетово, луѓето да имаат да имаат предавања на албански јазик. Тоа беше важно. Важно беше Албанците да следат предавање на албански јазик, да имаат сите права како граѓани на Македонија. Се` уште работиме на овие прашања. Балканот отсекогаш имал голема доза на нестабилност.“, рече конгресменот Енгел.

XS
SM
MD
LG