Линкови за пристапност

Обновени комерцијалните летови до Куба


Американскиот секретар за транспорт Ентони Фокс беше меѓу 150 патници на летот на Џет Блу до Санта Клара, Куба, сигнализирајќи дека се обновени комерцијалните летови по пауза од половина век. На него му се придружи и извршниот директор на Џет Блу, Робин Хајс, новинари и американци со кубанско потекло.

Фокс летовите кои ќе започнат подоцна годинава до главниот град Хавана ги додели на други компании.

Редовните комерцијални бе прекинати во 1961 година, а планирани се околу 300 летови неделно. Од 1979 беа дозволени само чартер летови.

Претседателот Барак Обама направи историска посета до карипскиот остров во март. Сепак трговското ембарго кое трае со декади може да биде подигнато само од Конгресот.

XS
SM
MD
LG