Линкови за пристапност

Американските пливачи поставија олимписки рекорди


На вчерашните натпревари Марфи и Кинг освоија злата во градно и грбно пливање

Рајан Марфи победи во трката на 100 метри грбно со време 51.97 секунди, нов олимписки рекорд, сепак резултат послаб од светскиот рекорд од 51.94 секунди кој го постави американецот Арон Перисол во 2009-та година.

Лили Кинг го освои златниот медал во конкуренција на 100 метри грбно пливање во женска конкуренција, со време од 1:04.93, друг олимписки рекорд поставен на вчерашните натпревари.

По победата Кинг беше емотивна во врска со ривалството помеѓу неа и руската пливачка Јулија Ефимова за време на прелиминарните натпревари. Руската пливачка беше суспендирана на 16 месеци заради допинг.

Се надевам дека направив поента, (во врска со допингот) кажа Кинг по победата во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

На Ефимова и на шест други руски пливачи првично им беше забрането да учествуваат на Олимписките игри во Рио по извештајот на Светската анти- допинг агенција која идентификува државна шема на допинг. Меѓународниот олимписки комитет подоцна на неа и на неколкумина други руски олимпијци им одобри учество на игрите.

Американскиот машки и женски кошаркарски тимови извојуваа победи во вчерашните натпревари.

Кошаркарите ја победија Венецуела со 113 наспроти 69, додека кошаркарите беа подобри од Шпанија со 103 наспроти 63.

Денеска борба за медали ќе води во натпреварите во гимнастика, пливање и во други дисциплини. За медалите ќе се борат и познатите имиња на американското пливање Мајкл Фелпс и Кејти Ледецки.

XS
SM
MD
LG