Линкови за пристапност

Сандовал на Охридско лето


Настапот на кубанскиот музичар предизвика голем интерес кај публиката

Гостувањето на 67 годишниот Кубанец, Артуро Сандовал кој во почетокот на 90-те години доби политички азил и живее во САД се смета за еден од најатрактивните настани на фестивалот годинава.

Во неодамнешно интервју за МИА, Сандовал изјавил дека му било многу тешко додека живеел во Куба, бидејќи не му било дозволено да се слуша џез, кој се сметал за „музика на непријателот“, па дури бил и уапсен поради тоа што слушал „Гласот на Америка“.

Сандовал во ексклузивна изјава за Гласот на Америка на македонски кажа дека во Македонија доаѓа за прв пат.

„Никогаш не сум бил на вака убави места. Многу сум среќен што можев да сретнам така убави места и што имав средба со претседателот на Македонија, кој ме прими и со кого имав многу пријатен разговор и носам позитивни импресии. Пред многу години имав можност да дојдам во поранешната Југославија, но сега после независноста за прв пат сум во Македонија. Ја сакам Македонија и прекрасна е“, рече Артуро Сандовал.

Едноставен и во улога на вистински шоу мен, Сандовал за време на својот настап комуницираше со публиката која го враќаше на бис. На сцената му се приклучи и охридскиот музичар кој живее и настапува во САД, Владимир Василевски Четкар, кој за кубанскиот музичар вели дека важи за револуционер на повеќе форми на Афро кубанскиот џез.

„Јас сум огромен фан негов. Мислам дека за Охрид и Македонија да имаме такви легенди овде додека се живи, да ги видиме и слушаме. Тој е скромен човек кој поминал се и сешто низ животот. Не споредлив талент е, тој едноставно е титан. Тој е воодушевен од Македонија од самиот почеток. Менталитетот овде е сличен како и неговите корења“,рече Четкар.

Сандовал кој е добитник и на десет Греми награди, шест Билборд награди и едно Еми признание,пред охриѓани свиреше и музика од албумот ТНТ за кој добил токму Греми награда. За него се снимани филмови, документарни серии, а во 2013 година од претседателот Барак Обама добива и Медал на слободата. Поради временските неприлики и одлагањето на концертот на Античкиот театар, Сандовал наместо еден одржа два концерти во Охрид во Центарот за култура.

XS
SM
MD
LG