Линкови за пристапност

Три вакцини против вирусот Зика се покажале успешни на животни


Тестирањата кај луѓе ќе започнат наесен; Научите од Харвард и Армискиот институт Волтер Рид се оптимисти.

Во јуни со оптимизам беше пречекана веста дека истражувачите од армискиот Институт Волтер Рид и Универзитетот на Харвард развиле две вакцини кои се покажале успешни во заштитата на глувци од вирусот Зика.

Оттогаш беше развиена и трета вакцина која користи неопасен „деактивиран“ вирус.

Во експериментите врз мајмуните макаки-резус , сите три вакцини донеле целосна заштита против Зика која е пренесувана од комарци, стои во неделното издание на магазинот „Наука.“

Нелсон Мајкл е директор на истражувачката програма за ХИВ во институтот Волтер Рид и е ко-автор на извештајот. Тој вели дека може да се предвиди како таа ќе функционира кај луѓето.

Една од вакцините развиени од тимот на Мајкл се нарекува ЗПИВ, кратенка за прочистена неактивирана вакцина против Зика. Функционира на сличен начин како што функционираат и традиционалните вакцини, преку внесување на целосно убиен вирус во организмот, за да стимулира борба на имунитетниот систем со болеста.

Ова вакцина ќе биде клинички тестирана врз луѓе на почетокот на октомври.

Една од овие вакцини се нарекува векторски заснована аденовирусна вакцина. Функционира по принципот на Тројански коњ, користи деактивиран „ладен“ вирус, наречен аденовирус во форма на добронамерна ДНК, за да развие имунитетна заштита.

Оваа технологија е нова и има предности во тоа што вакцината може да биде развиена и дистрибуирана брзо. Но ДНК вакцината се` уште не одобрена за користење кај луѓето.

Трите вакцини се покажаа успешни во тестовите кај приматите кои биле под закана од Зика без никаков несакан ефект.

XS
SM
MD
LG