Линкови за пристапност

Кои видео игри се популарни на Блискиот исток


Дали игрите може да влијаат негативно на способноста на војниците да ги извршуваат борбените задачи, се прашуваат воените команданти

Мината недела фотографии од карактерите на Покемон кои се појавија во урнатите на Сирија го свртеа внимание кон еден незабележан аспект на војната во земјата: војниците во најопасните воени зони не се исклучок од глобалните сензационалистички трендови.

Лудилото по „Покемон го“ стаса до границите на Блискиот исток, каде глобалната коалиција се бори против Исламската држава. Луис Парк, кој е ветеран од авганистанската војна се наоѓа во северен Ирак и се бори на страната на христијанските паравојски. Неодамна тој на Твитер објави дека го „заробил“ првото виртуелно чудовиште со неговиот телефон во близината на градот Мосул.

Со лесниот пристап до паметните телефони и слободните апликации, видео игрите се достапни како никогаш порано.

Загриженост за безбедноста

Помеѓу воените лица постои загриженост дека брзиот развој на игрите за паметни телефони може да им наштети на воените акции, кои бараат внимание и концентрација.

Сепак, портпарол на военото воздухопловство на САД, Ед Гулик за весникот „Милитари Тајмс“ кажа дека засега нема загриженост за безбедноста.

Во Ирак, каде курдските сили ја заземаат централната улога во борбата против ИСИС, командантите забранија користење на телефоните за видео игри кај нивните сили, познати како пешмерга.

„Кога пешмерга силите се на фронтот против Исламската држава, на нив им е забрането да ги носат мобилните телефони или нешта кои можат да им го одземат вниманието“ вели Бархам Арис Јазин, командант на пешмерга силите.

Иран и Исламската држава со свои видео игри

Војната во Сирија создаде можност за различните групи, вклучувајќи ја Исламската држава за да ги промовираат нивните агенди, и индустријата на видео игрите има огромна улога во тоа.

Неодамна Исламската држава објави видео игра за паметен телефон со цел да ги индоктринира децата, користејќи го како параван изучувањето на арапскиот јазик. Апликација има игри за меморирање на исламски песни, чии текстови имаат содржина против неверниците.

Дигиталниот тим на Исламската држава, познат како „Библиотеката на посветеноста“ објави апликација која сега е достапна и на Андроид уредите.

Но и другите вклучени страни во сириската граѓанска војна исто така развија видео игри за да привлечат повеќе поддржувачи.

Иранската влада, голем поддржувач на режимот Башар ал Асад исто така спонзорираше нови борбени игри кои ги слават борбите на органските трупи во Сирија.

Играта “Делавар” што на персиски значи храброст е развиена од иранското Студио Гунај. Таа е достапна на три јазика, персиски, турски и англиски.

Играта има за цел да го охрабри присуството на Техеран во Сирија, и да го оправда учеството во сириската граѓанска војна за одбрана на шиитските религиозни места, вели креаторот Кејван Малек Мохамади.

Експертите велат дека технологијата продолжува да напредува, а видео игрите ќе останат значајна алатка за сите инволвирани страни во конфликтот на Блискиот исток и пошироко.

XS
SM
MD
LG