Линкови за пристапност

Амандманите на Америка


Нова изложба во Вашингтон објаснува како Американците го менуваат Уставот за најблиску да ги отсликува нивните идеали.

Што ако претседателот на САД се избира со лотарија за секоја сојузна држава да може да си ја испроба среќата?

Можат ли Американците да изгласаат укинување на претседателската функција?

Денес знаеме дека шансите за тоа се слаби, зашто токму ваков амандман бил предложен во американскиот Конгрес во 1868, непосредно по завршувањето на граѓанската војна во САД.

Националниот архив изложи дел од 11.000 илјади амандмани кои биле предложени, а никогаш не биле усвоени. Кустосот Кристин Блекерби објаснува:

„До сега се ратификувани само 27 амандмани, кои станале дел од Уставот на САД. Ме заинтригираа предложените идеи што не биле усвоени.“

Голема причина зошто не биле усвоени е механизмот што е воспоставен за каква било промена. Имено, 5-та одредба од Уставот објаснува дека предлогот прво треба да биде усвоен со 3/4 мнозинство од гласовите во Конгресот и Сенатот, а потоа ратификуван од страна на 3/4 од сојузните држави. Значи, потребен е широк консензус во американското општество.

Но тоа не ги одвратило Американците да се обидуваат, вели Блекерби:

„Ова е добар пример како изгледале петициите во 18, 19 па дури и во 20-от век. Американците дефинитивно го користеле правото од првиот амандман.“

Ако се гледа според цифрите, единствено поневеројатно од ратификација на нов амандман, е тој да биде отповикан, вели таа:

„Тоа се случило само еднаш, со 18-от амандман. Познат како амандман за прохибицијата со кој се забранува производството и продажбата на алкохол во САД. Не траел долго, само околу 14 години. Подоцна 21-виот амандман го заменил 18-от.“

Според неа изложбата ja покажува американската историја на проширување на индивидуалните права затоа што сите 17 подоцна усвоени амандмани се однесуваат на овие права.

XS
SM
MD
LG