Линкови за пристапност

Во нападот во Ница убиени 84 лица


Камион се втурнал во толпа луѓе за време на прославата на Денот на Бастилја

Возач на камион убил 84 лица и повреди повеќе од 100 во градот Ница кога со голема брзина влетал во толпа народ, ноќта за време на прославата на денот на независноста на Франција.

Напаѓачот возел два километри низ пешачката патека на која се наоѓале луѓе, пред да биде застрелан од полицијата.

Од Стејт департментот потврдија дека помеѓу загинатите се и двајца Американци.

Владини претставници од Ница велат дека меѓу загинатите има многу полицајци, а најмалку 18 лица се наоѓаат во критична состојба.

Се верува дека меѓу загинатите се и десет деца, а други 50 биле примени во болница по нападот на Француската ривиера.

Напаѓачот од полицијата бил идентификуван како 31- годишен француски државјанин со туниско потекло кој живеел во Ница. Тој бил познат на полицијата по насилнички дела, но не бил осомничен за никакви терористички или екстремистички врски од страна на националните безбедносните агенции.

Францускиот претседател Франсоа Оланд кажа дека актот ги има сите елементи на терористички напад.

XS
SM
MD
LG