Линкови за пристапност

Снајперисти убиле петмина полицајци во Далас, Тексас


Ова е најсмртоносен ден за американската полиција по терористичките нападите на 11-ти септември, 2001-та

Полицијата во Далас вели дека тројца осомничени се во притвор, а четвртиот е мртов на неколку часа откако снајперисти убиле петмина полицајци во координиран напад на мирните демонстрации. Најмалку шест полицајци биле ранети во нападот кој се случил синоќа додека се одвивале протести по повод убиството на двајца Афро-американци од стана на бели полицајци во Луизијана и Минесота.

Нападот е најсмртоносен ден за американската полиција по терористичките нападите на 11септември, 2001-та година. Претседателот Барак Обама настанот го нарече „брутален, пресметлив и подол напад“ кој бил извршен врз полицајци кои си ја вршеле работата. Зборувајќи од Варшава каде тој е по повод НАТО самитот, Обама кажа дека полицијата има„исклучително тешка работа“ и пукањата се „страшен потсетник“ за опасноста со која се соочува полицијата.

Началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун, кажа дека осомничените не дале никаква индикација зошто го извршиле нападот. Браун вели дека еден од притворените осомничени е жена. Останатите двајца осомничени се испрашувани, и Браун вели дека биле видени со маскирни торби, по што полицијата го следела нивното возило.

Видеото од пукањето нашироко споделувано на социјалните медиуми покажува како луѓе бегаат во време кога се слушаат звуци од полуавтоматско оружје. На видео се гледа како еден од напаѓачите застрелува полицаец.

Поголем дел од градот останува затворен. Полицијата вели дека не е уверена дека сите сторители се во притвор.

Властите велат дека напаѓачите имале за цел да предизвикаат штета, а бил пронајден и сомнителен пакет кој бил отстранет од тактичките одреди на полицијата.

Градоначалникот на градот Мајк Ролингс ги повика жителите кои работат во центарот на градот каде се случи нападот денес да останат подалеку од областа.

Полицијата објави фотографија на вооружено црно лице во маскирна униформа кое учествувало на демонстрациите како „лице за кое постои интерес“ за поврзаност со нападот. Лицето подоцна се пријавило во полицијата, велејќи дека не било вклучено во нападот.

XS
SM
MD
LG