Линкови за пристапност

Писториус доби шест години затвор


Јужно африканскиот параолимпиец е осуден за убиство на неговата девојка Рива Стинкамп кое се случи пред три години

Судијата Токозиле Масипа наведе олеснителни околности за Оскар Писториус како неговото каење, времето поминато во затвор за првичната пресуда и фактот дека не ги носел протетичките нозе кога го извршил делот, за да ја намали доделената минимална казна од 15 години.

За време на судењето, Писториус тврдеше дека тој погрешно ја препознал Стинкамп како провалник кога испукал четири куршуми преку затворената врата од бањата, убивајќи ја на Денот на вљубените во 2013-та. Обвинителите тврдеа дека тој го извршил убиството со намера.

Стинкамп која беше правник и амбициозен модел беше на 29-годична возраст кога беше убиена од нејзиното момче.

Во 2014-та судијата Масипа го прогласи Писториус виновен за убиство и го осуди на 5 години затвор. Тој беше условно ослободен во октомври, по помината една година во затвор. Одлуката беше преиначена од апелационен суд и тој беше заменета со обвинение за убиство во декември.

XS
SM
MD
LG