Линкови за пристапност

Франција се залага за антитерористички центар во американски стил


Ова е еден од заклучоците од истрагата на францускиот парламент за минатогодишните терористички напади во Париз

Заклучоците се дел од новиот извештај со 39 препораки составен од парламентарната комисија која го истражуваше минатогодишните напади во Париз и има за цел да спречи сличен напад.

Во извештајот се наведени пропусти во комуникацијата помеѓу одделните разузнавачки агенции во Франција, што допринеле за двата напада во кои загинаа 147 лица.

Тука е вклучено, стопирањето на следењето на џихадистот Саид Куачи, кој заедно со својот брат Шериф во јануари 2015-та извршија напад во сатиричниот магазин Шарли ебдо во Париз. Како и пропустот да следат друг напаѓач од јануари, Амеди Кулабали, откако тој се радикализирал во затворот.

Исто така се обвинува и Белгија за забавувањето на следењето на преживеаниот осомничен по нападот во ноември, Салах Абделслам.

Комисијата предлага одделните разузнавачки агенции да создадат помал центар, сличен на американскиот Национален центар за контра-тероризам кој беше создаден по септемвриските нападите во 2001-та.

Исто така се заклучува дека француската контроверзна вонредна состојба има ограничено влијание на безбедноста.

XS
SM
MD
LG